
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) соопшти дека 94 новинари и медиумски работници, вклучително и девет жени, биле убиени во 2023 година, што е скок од 67 отсто во споредба со истиот период претходната година.
Во денешниот извештај стои дека речиси 400 членови на медиумите биле затворени во 2023 година, што ја покажува потребата од подобра заштита на новинарите ширум светот.
IFJ инсистира на тоа дека е потребна многу поголема акција од меѓународната заедница за да се заштитат животите на новинарите и да има одговорност за нивните напаѓачи. Војната во Појасот Газа, која започна во октомври, е причина за драматичното зголемување на смртните случаи, со 68 убиени новинари – повеќе од еден дневно – откако избувнаа непријателствата меѓу Израел и Хамас, кој е прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската унија.
Војната во Газа беше посмртоносна за новинарите од кој било конфликт откако IFJ започна да ги следи случаите со убиени новинари за време на должност, во 1990 година“, се вели во извештајот, додавајќи дека смртните случаи достигнале „ без преседан невиден размер и брзина на загубата на животите на медиумските работници.
„Меѓународната заедница, а особено Меѓународниот кривичен суд, мора да се соочи со своите одговорности и темелно да ги истражи, и каде што е соодветно, да ги гони оние кои наредиле и извршиле напади врз новинари“, се потенцира во извештајот.
Се наведува и дека Украина е сè уште „опасна земја за новинарите“, со украински, руски и француски претставници на медиумите кои беа убиени оваа година во војната на Русија против Украина.
фото: AA