На 3 отсто паднала годишната инфлација во Грција во ноември годинава, наспроти 3,4 проценти во октомври, еден месец претходно, додека цените на прехранбените производи и натаму остануваат високи. Најголем раст од 31,4 отсто за една година бележи маслото.
Според податоците од грчката служба за статистика, за една година, од ноември 2022 до ноември 2023 година намалување има кај цената на природниот гас за 53,2 отсто, додека сите други производи и услуги се поскапени.
Цените на прехранбените продукти за една година се зголемиле за 9 проценти.
Најголемо зголемување има кај маслата и мастите (за 31,4 отсто), овошјето за 12 отсто, зеленчукот за 10,8 отсто и месото за 8,1 отсто.
Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше 7 проценти, и од тогаш е во опаѓање, за во ноември да стигне до 3 отсто.