ФОТО| Норвешка ги увежбува војниците како да ги закопуваат соборците на боиштето

Норвешките војници увежбуваат реално борбено и ментално учество во војна, меѓу што се опфатени и погребувања на соборците на самото боиште, поради ескалацијата и продолжувањето на инвазијата на Русија во Украина, пренесува националниот јавен сервис NRK.

Воените сценарија станаа пожестоки и пореални по избувнувањето на војната во Украина и Европа во 2022 година. Сега норвешките војници увежбуваат активни воени операции, како и морални поддршка за последиците од војната. Тие се приспособуваат на загинување на луѓето и погребувања на соборците, се наведува во прилогот.

Како што е наведено, се спроведуваат „теренски погребувања“, во рамките на психолошките подготовки на припадниците на норвешката армија за потенцијален воен конфликт. Како што забележува наредникот Стиан Мо, важно е војниците да ги „извежбаат главите“ за да бидат подготвени за војна.

Инаку, самиот тој имал такво искуство во Авганистан, кога загубил соборец во експлозија на крајпатна мина при рутинска патрола.

Војникот Јемс Еспеланд, кој присуствувал на обука за погребување на неговите соборци во вежбите на полигонот Сетермоен во покраината Тромс според сценарија кои се видени веќе во Украина, вели дека тоа го довело до заклучокот дека вреди да се размислува „за тоа што всушност претставува секојдневниот живот“. Сепак, тој смета, дека невозможно е човек да биде подготвен за такво нешто, како што е смртта на близок човек.

„Војната во Украина ги стави работите во перспектива. Ова е вистинска ситуација што може да се случи во Норвешка. Нашиот голем непријател на истокот (Русија) може потенцијално да изведе инвазија, да одзема животи и да уништи работи што ги сакаме во Норвешка“, вели Алберт Веделер, заменик командант во баталјон кој учествувал во вежбите чија главна задача е увежбување пружање помош во услови на разбивање на единицата.

„Јасно е дека да се биде војник стана многу посериозни“, додава Веделер. „Јасно е дека она што се случува во Украина остава трага врз нас. Тоа е мотивирачки фактор да се види колку е потребно за да се биде подготвен однапред…“, вели Веледер и истакнува дека загубата на соборците во битка сѐ уште е далечна во норвершки услови.

„Веројатно стана повообичаено размислувањето за тоа како е да се изгуби колегата. Мислам дека војниците сега се поподготвени за тоа“, вели Веделер.