ФОТО| Интензивни борби ширум Газа по американското вето на прекинот на огнот во Советот за безбедност

Израел во сабота и интензивираше нападите во палестинската енклава Појасот Газа од север кон југ, во втората фаза од двомесечната војна против Хамас, откако САД ставија вето на повикот за примирје во Советот за безбедност при Обединетите нации.

За резолуцијата со која се повикува на хуманитарен прекин на огнот, гласаа 13 од вкупно 15 членки на Советот. Велика Британија беше воздражан, а САД го искористија правото на вето за да ја блокираат резолуцијата. Резолуцијата којашто ја поднесоа Обединетите Арапски Емирати, а на кој како коавтори се јавуваат уште 97 земји членки на ОН, ја поддржаа сегашните непостојани членки на Советот – Албанија, Бразил, Еквадор, Габон, Гана, Јапонија, Малта, Мозамбик, Швајцарија и ОАЕ, како и останатите постојани членки Франција, Русија и Кина.

Откако минатата седмица заврши примирјето меѓу двете страни, Израел ја прошири својата копнена кампања на југот од Појасот Газа, со напад врз најголемиот град на југот, Кан Јунис. Двете страни известуваат за жестоки борби и на северот од енклавата.

Жителите на Кан Јунис во саботата изјавија дека израелските сили им наредиле да напуштат друг кварт, позападно од оној што го зазедоа минатата седмица, што укажува на тоа дека следи нов напад.

Повеќето од 2,4 милиони жители на Газа веќе ги напуштиле своите домови, многу од нив и по неколкупати веќе се преместуваат од почетокот на војната. Борбите сега продолжуваат по целата територија, па жителите и агенциите на Обединетите нации предупредуваат дека сега нема безбедни точки во Појасот.

Израел го тврди спротивното. Изреалските војска го блокираше бегството на цивилите Палестинци кон главната траса север-југ, принудувајќи ги наместо тоа кон брегот.

Во Кан Јунис загинатите и повредените во текот на ноќта ја преплавија болницата „Насер“. Таа и болницата „Ал Акса“ во Деир ал-Бали известија за 133 убиени и 259 повредени во последните 24 часа, со што официјалниот број на загинати достигна најмалку 17.500, од кои најмалку 8.000 се деца, пренесува Reuters.

Во саботата досега не се соопштени нови податоци за загинати и повредени од другите делови на Газа, вклучително и од целата северен дел, каде што болниците престанаа да функционираат и амбулантите често повеќе не можат да стигнат до мртвите.

„Веруваме дека бројот на маченици под урнатините може да биде поголем од оние примени во болниците“, изјави за Ројтерс портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал-Кидра.

Репортерот на Reuters видел како лекар истрчал од амбулантно возило со млитаво тело на мало девојче во розева тренерка. Внатре во болницата, ранетите деца плачеа и се грчеа на подот од плочки додека медицинските сестри ги тешеле. Надвор, тела на мртвите биле наредени во бели покривки.

Заинаб Калил, 57-годишна Палестинка раселена со 30 нејзини роднини и пријатели во Кан Јунис западно од израелските позиции, изјавила за агенцијата дека војниците им наредиле на луѓето во блиската улица Џалал да си заминат, „така што можеби е прашање на време кога ќе дејствуваат и против нашата област. Цела ноќ слушаме бомбардирање“.

„Ние не спиеме ноќе, остануваме будни, се обидуваме да ги заспиеме децата и остануваме будни плашејќи се дека местото ќе биде бомбардирано и ќе треба да трчаме носејќи ги децата надвор. Во текот на денот започнува уште една трагедија. а тоа е: како да се хранат децата?“, додала

Борбите на север се најинтензивни во делови од градот Газа и населбите на неговиот северен раб, каде што можеа да се видат огромни експлозии од другата страна на оградата во Израел. Семејствата во северниот дел на Газа објавуваа пораки на интернет во кои ги молат екипите за итни случаи да влезат во градот Газа за да ги спасат најблиските кои сè уште се заробени таму.

„Апелираме до Црвениот крст и до цивилната итна помош веднаш да отидат во куќата на Аталах. Луѓето се опколени во нивната куќа на улицата Јала во градот Газа, во близина на зградата Захарна. Зградата е во пламен“, напишаа членовите на семејството Аталах.