
Во Македонија во неделата ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег.
Утринските температури се движат од минус 6 до 0, додека соодветено највисоките дневни ќе достигнат од 4 односно 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми, а преку денот ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 7 степени.