Глобалните пазари се зголемија изминатата седмица, при што американскиот индекс S&P 500 го достигна највисокото ниво по март 2022 година, бидејќи извештајот за работните места во САД сигнализираше дека најголемата светска економија успешно се брани од рецесијата и покрај високите каматни стапки, што ги зајакна надежите за постигнување на сценариото за „меко приземјување“. ‘.
Минатата седмица њујоршкиот Dow Jones индекс само благо зајакна, за само 0,01 отсто, на 36.247 поени, додека Nasdaq индексот скокна за 0,7 отсто, на 14.403 индексни поени, благодарение на побарувачката за технолошки акции на крилата на оптимизмот за вештачката интелигенција.
Индексот S&P 500, пак, порасна за 0,02 отсто на 4.604 поени, означувајќи ја својата шеста по ред седмица на добивки, најдолго период на раст во околу четири години. Тоа е на највисокото ниво од март 2022 година.
И додека американската ценрална банка (Federal Reserve – Fed) се очекува да ги задржи каматните стапки непроменети третпат по ред на состанокот во среда, инвеститорите ќе внимаваат на сите изјави од креаторите на монетарната политика што ќе ги потврдат нивните очекувања дека првото намалување на стапката ќе следи во март следната година. Пазарите прогнозира дека шансите Fed да започне со олабавување на монетарната политика веќе во март се 46 отсто, а речиси 80 отсто тоа ќе го стори во мај.
Тоа го поткрепуваат и најновите податоци на американскиот пазар на труд, кои покажуваат дека во ноември се отворени 199.000 нови работни места, повеќе од очекуваните 180.000. Стапката на невработеност се лизна на 3,7 отсто, додека просечната плата е зголемена за 0,4 отсто на месечно ниво.
„Посебно падот на стапката на невработеност ќе ја олесни секоја загриженост за рецесија, а со зголемувањето на платите и приходите, приказната за главно ‘меко приземјување’ останува вистина“, рече Стјуарт Кол, главен макроекономист во „Equity Capital“ во Лондон.
Силните квартални корпоративни приходи и оптимизмот на инвеститорите дека Fed ќе заврши со овој циклус на зголемувања на каматните стапки го поттикнаа собирот на Волстрит од крајот на октомври.
Во изминатата седмица пораснаа и европските берзи. Така, лондонскиот FTS индекс е во плус за 0,33 отсто, на 7.554 поени, франкфуртски DAX за 2,2 отсто, на 16.759 поени, а париски CAC за 2,45 отсто, на 7.526 поени.