Пешак усмртен во Нов Дојран

Во саботата вечерта околу 21,10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на улицата „Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С.Г. од Гевгелија, удрило во пешакот 48-годишниот Д.Ѓ. од Нов Дојран, информира МВР.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.