
Ние сме докажале дека имаме коалициски капациет, ние ќе го предводиме Европскиот фронт и знам дека на крај на денот Европскиот фронт ќе биде победник на следните избори, ќе ја формира следната влада, што ќе владее до 2028 година и ќе ја донесе државата до прагот на членство во ЕУ, а секако пред да победиме на парламентарни избори нашиот кандидат за претседатеслките избори ќе добие мандат за претседател на државата во наредните 5 години, истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа, на телевизија 24.
„Европскиот фронт е отворен за сите политики партии, кои се залагаат за вредностите кои се промовираат, иднината на оваа земја е европска, друга нема. Европскиот фронт е јасен и има јаен пат“, нагласи Битиќи.
Истакна дека СДСМ ќе го испочитува договорот од изборите од 2020 да последните 100 дена има техничката влада.
Притоа изрази и оптимизам за процесот на уставни измени.
„Ако постои деловничка можност мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада на 28-ми јануари, во ист дена да се стават на гласање и уставните измени“, рече потпретседателот на СДСМ.