Парламентот на Полска во понеделникот го поддржа Доналд Туск за нов премиер, ставајќи крај на осумгодишното владеење на десницата и отворајќи го патот на Варшава за подобрување на односите со Европската унија.
Десетици милијарди евра европски фондови се замрзнати за Полска поради спорот со Брисел за демократските стандарди, но Туск, поранешен послки премиер и претседател на Европскиот совет, ветува дека ќе ги поправи односите и ќе ги деблокира парите.
За Туск гласаа 248 пратеници, а 201 беа против тој да биде нов премиер.
„Тој се откажа од удобниот живот што можеше да го има откако беше претседател на Европскиот совет и се врати… да се бори за победа на демократијата, пристојноста и правдата“, рече Владислав Косињак-Камиш, лидер на Полската селанска партија (PSL), членка на коалицијата на Туск.
Неколку часа претходно во понеделникот вечерта премиерот на заминување Матеуш Моравјецки од суверенистичката национална партија Право и правда (PiS), која поединечни победи на парламентарни избори не ја доби довербата од парламентарното мнозинство.
Критичарите веруваат дека PiS ја поткопала независноста на судството, ги претворила државните медиуми во пропагандна алатка и поттикнувала предрасуди кон малцинските заедници, особено кон имигрантите и ЛГБТ заедницата.
Од PiS постојано истакнуваа дека го бранеле полскиот суверенитет и традициите од странско мешање, дека го подобриле животниот стандард на милиони луѓе со воведување социјални бенефиции и зголемување на минималната плата.
Туск во вторник во парламентот ќе ја претстави програмата на неговата влада.