Сонево со мала облачност

Во Македонија во вторникот претпладне во западните и источните делови има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини има појава на магла.

Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат од минус 2 до 3, додека соодветено максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне има услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 10 степени.