Американската актерка Џенифер Анистон вели дека му испратила порака на колегата Метју Пери утрото на денот кога тој починал и дека тој бил среќен и здрав.
Актерката, којашто го толкуваше ликот на Рејчел Грин крај Пери, која го играше саркастичниот и духовит Чендлер Бинг во американската ситком „Пријатели“, рече дека Пери „се враќаше во форма“ пред да почине на 54-годишна возраст на 28-ми октомври.
„Беше среќен. Беше здрав. Престана да пуши”, изјавила Анистон за Variety на прашањето по што би сакала Пери да биде запаметена.
„Тој беше среќен – тоа е сè што знам. Буквално му пратив порака тоа утро, смешниот Мети. Не беше во болка. Не се измачуваше. Тој беше среќен (…) Сакам луѓето да знаат дека тој навистина беше здрав и дека се опоравуваше. Имаше цел. Работеше толку напорно“, изјави Анистон.
„Многу ми недостига. На сите им недостига. Човеку, многу нѐ насмеа”, додава актерката во заговорот за Variety.
Анистон вели дека пораките на љубов од целиот свет по веста за неговата смрт биле „баш прекрасни“.
„Исто така, морам да кажам дека мислам дека дијалектот на Метју Пери, неговиот начин на зборување, создадоа сосема поинаков свет. Одевме по него, на некој начин“, додава Анистон.
Рис Витерспун, која гостуваше во серијата како Џил Грин, сестрата на Рејчел Грин, вели дека главните актери „беа многу блиски“.
„Неверојатно е што произлезе од тие пријателства и како секогаш се грижевте еден за друг низ годините“, рече 47-годишната актерка.
„Се сеќавам дека отидов дома и реков нешто како – тие се во друга лига. Тие се на друга планета со нивоата на комедија којашто никогаш не сум ја видела во мојот живот“, додава Витерспун.