Според извештаите на американските медиуми, израелските вооружени сили тестираат поплавување на тунелите што ги користи исламистичката групација Хамас под Појасот Газа.
Морската вода се влева во некои од тунелите за да се утврди дали методот е погоден за големо уништување на подземниот систем, објави во вторникот американската телевизиска мрежа CNN, цитирајќи американски функционер информиран за ова прашање. За таквите активностина израелските сили известува и американскиот весник The Wall Street Journal.
Се проценува дека тунелската мрежа е долга околу 500 километри. Сепак, израелската војска претпоставува дека многу од заложниците киднапирани од Израел се држат во тунелите. Израел ги информирла САД дека ќе бидат поплавени само тунели без заложници.
На прес-конференција во вторникот, американскиот претседател Џо Бајден беше прашан за потопувањето на одредени делови од тунелот. Тој одговори дека „се тврди дека…нема заложници во ниту еден од овие тунели. Но, тоа не го знам со сигурност“.
Советот за национална безбедност на САД и израелските вооружени сили првично не ги коментираа извештаите на прашањето на германската бовинска агенција DPA.
Неодамна, началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ја пофали идејата за поплавување на обемниот тунелски систем со морска вода. Според израелската војска, Хамас изградил широка мрежа од подземни премини под Појасот Газа, колоквијално наречен „Метри Газа“.
Навидно, борците на Хамас користат и некои тунели и бункери кои Израел ги изградил пред неколку децении кога неговата армија ја окупираше територијата. Ова беше потврдено во минатомесечното интервју со поранешниот израелски премиер Ехуд Барак за CNN.