![majmunski sipanici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/majmunski-sipanici.jpg?resize=676%2C451&ssl=1)
Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека во таа земја денеска е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници.
-Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството.
Maјмунски сипаници се вирусна инфекција што се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми слични на грип и гнојни рани по целото тело.