Арсовска и МВР молчат за случајот со секретарот на Град Скопје

За случајот со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој е пријавен за семејно насилство, и по два дена сѐ уште молк и од градоначалничката Данела Арсовска и од МВР од каде што Нетпрес побара официјална информација.

Како што објавивме, Глигоров, на 17 ноември годинава е пријавен за семејно насилство од неговата сопруга, а при интервенцијата на полицијата одземен му е пиштол. 

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа градоначалничката веднаш да го разреши Глигоров.

„Арсовска која се претставува како голем бранител на правата на жените, се покажува дека за соработници има луѓе кои се пријавуваат за семејно насилство, не еднаш, туку неколку пати.

„Дали Данела Арсовска го толерира својот најблизок соработник во овие активности? Дали најблискиот соработник на Данела Арсовска е семеен насилник и дали Арсовска знаејќи за ова сѐ уште го држи истиот да го раководи со Град Скопје? Дали вака се реализира борбата за учество и права на жените?“, посочи на вчерашната прес-конференција Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје.