Митева: Корупцијата е во секоја пора на државата, парите се потрошени, а одговорните се на слобода

-САД издвоија околу 500 милиони долари за добро владеење и за владеење на правото, а гледаме епидемија на корупција во Македонија. Ова е изјавата на стратешките партнери која е потврда дека корупцијата е во секоја пора на општеството, во секој сектор, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-СДС и ДУИ се 7 години на власт. Оливер Спасовски е скоро 9 години министер за внатрешни работи, а Македонија од година во година е се повеќе заглавена во криминал и корупција. Довербата во судството е само 2%, пониска не била никогаш. Криминалот и корупцијата со СДС и ДУИ станаа начин на функционирање, кој може да се искорени, само со нивно искоренување од власт.

Оваа власт на СДС и ДУИ е прва во криминалот, тие се суштината на сите проблеми. Високото ниво на криминал и корупцијата го има во врвот на власта, но го има и кај сите други сегменти во општеството. Практично, не постои сектор во државата во кој нема корупција, дали е тоа здравство, дали е тоа образованието, дали е тоа судство, обвинителство, или други сектори, секаде е присутна корупцијата.

Македонија е блокирана затоа што наместо правда, владее криминалот, затоа што обвинителството го штити и развива криминалот наместо да биде прв во борбата за спречување. Најголемиот феномен е што токму власта на СДС и ДУИ која се прогласува за проевропска си дозволи да не се покрене ниту една истрага за лавината на корупциски активности. Институциите молчат, не постапуваат и не реагираат никако само за да бидат во одбрана и служба на власта.

Но, решението е едно – директно справување со криминалот и корупцијата. Мора да се воспостави функционален систем на владеење на правото и да се воспостави функционална правна држава. Само така Македонија ќе биде вистински реформирана и напредна.

Прашање: Дали ќе има реакција за изјавата на Ковачевски која што ја даде од Брисел, виновни сте дека ќе нема втора меѓувладина токму вие и друга политичка партија Левица?

Одговор: Токму пресот за криминал и корупција е доволен показател кој е единствениот виновни, и ваквите обвинувања кои доаѓаат се само причина да се прикрие поразот кој што го има Македонија, а за тоа директно виновни се СДС и ДУИ, изјави Митева.