Европската централна банка ги задржа каматните стапки на нивното сегашното ниво

Европската централна банка (ECB) на седницата во четвртокот одлучи да ги задржи клучните каматни стапки на постојните нивоа, се вели во соопштението за медиумите на централната банка на еврозоната.

Така, каматната стапка за операциите за главно рефинансирање останува на 4,50 отсто, за прекуноќните кредити на 4,75 отсто и за прекуночните депозити на 4 отсто.

Во јули минатата година, банката започна циклус на затегнување на монетарната политика за да ја заузди инфлацијата, зголемувајќи ги каматните стапки за 4,5 процентни поени до септември годинава.

Како што се наведува во соопштението за медиумите, иако инфлацијата е намалена во последните месеци, таа најверојатно привремено повторно ќе се зголеми на краток рок.

ECB ги објави и најновите макроекономски проекции, според кои предвидува дека инфлацијата постепено ќе се намалува во текот на следната година и дека во 2025 година ќе се приближи до целното ниво на Управниот совет од 2 процентa.

Експертите на eвросистемот предвидуваат просечна вкупна стапка на инфлација од 5,4 отсто за оваа година, ревидирајќи ja надолу претходната проценка за годиenшната инфлација од 5,6 отсто. Во следните три години, според последните проекции, таа треба постепено да се намалува и следната година да достигне 2,7 отсто, да се спушти на 2,1 отсто во 2025 година и 1,9 отсто во 2026 година.

Иако базичната инфлација, со исклучок на енергијата и храната, продолжи да се намалува, домашните ценовни притисоци продолжија да се зголемуваат, првенствено поради силниот раст на трошоците за труд по единица производ, оценува ECBБ.

Централната банка сега предвидува просечна стапка на инфлацијата, без енергијата и храната, од 5,0 отсто во 2023 година, 2,7 отсто во 2024 година, 2,3 отсто во 2025 година и 2,1 отсто во 2026 година.

Понатаму, оценуваат дека продолжува силниот трансфер на претходните каматни зголемувања во економијата и дека заострените услови за финансирање негативно влијаат на побарувачката, што придонесува за намалување на инфлацијата.

Во ECB очекуваat економскиот раст да остане слаб на краток рок. Потоа се очекува закрепнување на економијата поради растот на реалните приходи во услови на пад на инфлацијата и пораст на платите и поради зголемената странска побарувачка.

Економскиот раст, како што предвидуваат, ќе се забрза од просечните 0,6 отсто годинава на 0,8 отсто во 2024 година, по што би требало да достигне 1,5 отсто во 2025 и 2026 година.

Управниот совет на ЕCB силно се залага за што поскоро враќање на инфлацијата на среднорочната цел од 2 отсто. Врз основа на нивната сегашна оценка, тие сметаат дека клучните каматни стапки на ECB се на нивоа кои доколку се одржуваат доволно долго, ќе дадат значителен придонес за постигнување на таа цел, се додава во соопштението.