Делови од Бутел и Карпош утре без струја

Делови од скопските општини Бутел и Карпош утре ќе бидат без струја, соопштија вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

– Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре, поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници од општините Бутел и Карпош. Од девет до 14:30 часот, дел од улицата „1558“, од број 50 до број 60 во населбата Радишани, општина Бутел. Од девет до 12 часот пак, корисниците на улицата „Ловќенска“ број 21, 23, 25, 27 и околината, во општина Карпош, се појаснува во соопштението.