Обвинителката Ленче Ристоска која го пријави Советот на јавни обвинители дека неправедно и без основа ја прескокнуваше и игнорираше на огласите на кои таа се пријавуваше за унапредување,го доби случајот пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Јавната обвинителка Ленче Ристоска била дискриминирана од Советот на јавните обвинители, потврди Комисијата за заштита од дискриминација. Членовите утрврдиле дека Ристоска била дискримиирана на два огласи на кои обвинителката се пријави за избор во Вишото јавно обвинителство во Скопје. Дискриминаицијата била направена врз основа на лично својство и општествен статус, поради што Комисијата препорача во иднина Советот на јавни обвинители да се воздржи од дискриминаторски практики, а на поранешниот претседател на Советот Антонио Јолевски му порача да ѝ се извини јавно на Ристоска .
„ Втората препорака се однсува до поранешниот претседател Антонио Јолевски писмено да и се извини на Ристоска за дадената изјава во медиумите со коај се врши вознемирување кон поднсоителката врз онвао на раѓање и родителство и во рок од 30 дена тој треба писмено да и се извини на поднсителката и за тоа да ја извести комсијата. Во случај да не се поднесе пстапи кон преораката ние со законот сме обврзани да поднесмее барање за прекршочна постапка кон надлежен суд.“
За оваа одлука иако побаравме, но не успеавме да добиеме коментар од претседателката на Советот на јавните обвинители Димитриеска и поранешниот претседател Јолевски, додека обвинителката Ристоска се произнесе на Фејсбук. Таа напиша дека воведувањето на МЕРИТ систем, наспроти практикување на дискрециони овластугвања ќе влијае на зголемување на квалитетот и довербата на јавнообвинителстскиот систем, како едно од најсилните оружја за борба против корупцијата и клиентелизмот. Според комисијата, дискриминаицјата била направена со продолжено дејство. Во првиот случај во 2021 година била манифестирана како возраст, односно дека таа била добра обвинителка, но е млада за вишото обвинителство. Додека вториот случај се однесува на изјавата на поранешниот претсдател Јолевски дадена годинава која се однесува на оглас за Вишото обвинителство во кој повторно не беше избрана..
Антонио Јолевски – 12.07.2023 – Кога сме кај Ленче ние четири години побаравме извештај за работа. Таа во моментов е на породилно и да ја избериме ќе биде на породилно..
Ристоска во неколку наврати јавно ја критикуваше работата на Советот. Таа го впери прстот кон ова тело тврдејќи дека е извор на тргување со влијание.
Поради овие јавно искажани ставови на Ристоска, Советот покрена постапка пред Етичкиот совет на јавните обвинители за да се увиди дали има усогласеност на ваквите нејзини изјави со принципите на Етичкиот кодекс, но оваа постпака се уште нема епилог.