-Зошто СДС не го замоли Шолц кој доаѓа од нивната сестринска партија, кога ќе се одлучува за преговори за Македонија да го извади премиерот на Бугарија, како што го замолил премиерот Орбан за случајот со Украина, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако тоа не се случи, јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија.
-Истовремено искажуваме задоволство од потегот на Унијата со почетокот на преговори на Украина која уште еднаш докажа дека доколку искрено се сака, може да направи се што е потребно за остварување на сопствените стратешки цели. Гледаме дека ако се сака, се се може, па дури и преговори со ЕУ на завојувана држава.
-Воедно зачудува и човек го става без зборови нивото на мазохизам на СДС, кои и покрај шамарите кои упорно ги добиваат од Унијата со Извештајот на ЕУ, а последно и со вакви јасни сигнали, дека во земјава има епидемија на корупција и хаосот и нефункционалноста на институциите, тие продолжуваат да молчат и да спроведуваат погубни политики.
-Одговорот за блокадата е затоа што никој не сака да седи со криминалци на маса како што се тие, и затоа секогаш има нови услови.
-СДС и ДУИ го прифатија бугарскиот диктат затоа што се корумпирани и немаат друг адут.
-Почетокот на преговорите за Украина и за Молдавија е за поздравување и доказ дека и Македонија може напред со влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, и ќе се грижи за националните интереси, се вели во соопштението на партијата.