Капитенот на Лутон, Локиер доживеал срцев удар на теренот

Англискиот фудбалски прволигаш Лутон официјално објави дека капитенот на оваа екипа Том Локиер доживеал срцев удар на првенствениот натпревар против Борнмаут.

„Нашиот капитан Локер е во болница и моментално е во стабилна состојба. Потврдено е дека доживеал срцев удар. Во моментов се спроведуваат детални дополнителни истраги“, објави Лутон.

Осамен на средината на теренот, 29-годишниот Велшанец Локер ненадејно падна на тревникот, а лекарите од двата клуба веднаш притрчаа на помош. Недолго потоа Локиер беше изнесен од теренот, а дваесетина минути подоцна лекарите на двата тима потврдија дека Локиер се освестил.

Годинава Локиер веќе доживеа слична ситуација, на крајот од минатата сезона исто така колабираше на тревникот, по што му беше дијагностицирана атријална фибрилација, односно најчест тип на аритмија. Беше опериран и му беше дозволено да продолжи да игра професионален фудбал.

Натпреварот меѓу Бурнемаут и Лутон беше прекинат во тој момент. Резултатот беше 1:1, а беше одлучено натпреварот да не продолжи во сабота.