Претседателот Владимир Путин во неделата вети дека Русија ќе ја направи „самодоволна“ и „суверена сила“ во обраќањето до членовите на владејачката партија, што е негов прв предизборен говор за претседателските избори во март 2024 година.
„Русија ќе биде самодоволна и суверена сила или нема да биде“, им рече Путин на високите функционери на владејачката партија Единствена Русија на конгресот кој ја поддржа неговата кандидатура за уште еден мандат.
„Русија не може, како некои земји, да се откаже од сопствениот суверенитет за неколку колбаси и да стане нечиј сателит“, рече Путин алудирајќи очигледно на Украина.
Путин ги обвини западните земји дека се обидуваат да го „урнат економското и социјалното влијание на Русија“ и ги повика „патриотските сили“ да ги здружат силите пред „историските задачи“ што Москва мора да ги заврши.
„Со целиот руски народ, да го браниме суверенитетот, слободата, безбедноста на Русија, сè што ни е драго, нашата историја, нашата култура, нашите вредности и нашите традиции“, порача тој.
Русија е под илјадници западни санкции поради нејзината инвазија во соседна Украина, која започна од февруари 2022 година, а беа надоврзаа на санкциите кои беа воведувани од 2014 година, а Путин минатата недела објави дека повторно ќе се кандидира за претседател во март 2024 година, неговиот петти мандат.
На западот велат дека речиси никој не се сомнева дека Путин ќе победи, бидејќи спшоред нив покрај големата поддршка што реално ја ужива кај сонбародниците, властите методички ја сузбиле вистинската руска опозиција последните години.
Членикот на партијата Единствена Русија, поранешниот претседател и премиер Дмитриј Медведев, во неделата вети дека партијата „ќе стори сѝ“ за да ја поддржи кандидатурата на Владимир Путинѐ
Русија „успеа да се спротивстави на колосалниот притисок од Западот“, рече Медведев и порача дека „одговорот на нашите противници е моќта и единството на руското општество“.