Тројца млади момчиња беа ладнокрвно застрелани во Атина по тепачка пред ноќен клуб. Камерата го снимила вознемирувачкиот момент кога крупен напаѓач во саботата нешто пред 7 часот наутро, пукал во главите на тројца млади момчиња од Крит, едниот пред ноќен клуб во населбата Гази.
Напаѓачот и неговиот соучесник претходно излегле од луксузен џип и им пришле на двајцата млади момчиња. По кратка расправија и размена на удари, едниот од нив извадил пиштол и најпрвин пукал во младиот човек кој во тој момент се тепал со соучесникот. Потоа пукал во вториот млад човек кој се свртел и се обидел да побегне, а на крајот и во третиот кој стол настрана гледајќи ја борбата.
По пукањето влегле во џипот и побегнале.
Лекарите се борат за животот на еден млад човек, додека другите двајца се во стабилна состојба.
Очевидци изјавиле дека тепачката почнала кога насилниците го запреле џипот и им пришле на младите бидејќи мислеле дека им дофрлаат додека поминувале.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачите се локални Албанци и дека потрагата по нив е во тек.
Џипот наводно бил изнајмен од компанија за лизинг.
(Kurir.rs/Protothema/)