Следи славенички викенд по повод 18-от роденден на Казино Фламинго Хотел – Гевгелија со продолжена програма која почнува во петок и завршува во понеделник кога се прославува Божиќ по Грегоријанскиот календар.
Компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, како носител на светски реномираниот Австриски бренд „Новоматик“ во чија групација е и „Казино Фламинго“ одбележува значаен јубилеј. Поминаа цели 18 години како оваа компанија започна да приредува игри на среќа во грандиозен хотелски комплекс на граничниот премин Богородица. Пред 4 години успешната приказна на „Казино Фламинго“ се прошири и во срцето на Скопје, на плоштадот Македонија во хотелот „Мериот“. Компанијата стана и сопственик на делот каде е лоцирано истоименото казино.
Вредноста на досегашните инвестиции на нашата компанија во Северна Македонија изнесува 80 милиони евра и амбициозно планираме реализација на нови инвестициски проекти кои ќе продолжат да ја движат македонската економија напред и ќе отвораат нови работни места. Како претставници на реномирана компанија од земја членка на ЕУ ќе продолжиме да имплементираме највисоки европски и светски стандарди во нашето работење со цел секогаш да обезбедуваме врвна професионална услуга за нашите гости, посочуваат од „Казино Фламинго“.
Програмата на гламурозната прослава на роденденот на Казино Фламинго Хотел – Гевгелија нуди музички настапи, кабаре шоу и богати лотарии за своите гости. Во петок, на 22 декември настапува Алина Трио, во сабота на 23 декември настапува музичката sвезда Елени Хациду по што ќе следи Кабаре шоу „Куќа на драмата“, во недела, на 24 декември настап на Бузуки Бенд и во понеделник, на 25 декември настап на Константинос Панделитис. Во овие четири славенички дена „Казино Фламинго“ ќе организира големи лотарии со вкупна вредност од 25 илјади евра (промо и готовина).
„Казино Фламинго“ со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет подржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни акции. Продолжува да манифестира висока општествена одговорност преку донаторски и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.