Израел формираше над 800 нови цивилни безбедносни одреди

Повеќе од 800 нови цивилни безбедносни одреди за итни случаи (Китат Коненут) беа формирани низ Израел, огромно мнозинство од почетокот на војната во Газа. Мисијата на одредите е да служи како оперативна резервна сила, достапна за брзо активирање, со цел да им помогне на полициските сили во различни безбедносни инциденти и вонредни ситуации.

На илјадниците регрутирани полициски доброволци им е обезбедена обука, пушки и опрема за борбена поддршка за оперативни потреби.

Пред избувнувањето на војната израелската полиција активирала само 83 такви одреди во руралните области и во 6 градови низ земјата.

Припадниците на безбедносните одреди дејствуваат во рамките на израелската полиција, под команда на полициските станици уредно и организирано, се обучени и овластени за дефинираната задача и се одобрени за активност согласно критериумите утврдени во процедури на израелската полиција за волонтери.

Основањето на овие единици низ земјата беше централен дел од политиката на министерот за внатрешна безбедност Итамар Бен Гвир, за што тој беше исмејуван пред 7 октомври.