
Фудбалерите на Жрона се вратија на врвот во Примера откако го совладаа Депортиво Алавес со 3:0 во последниот натпревар од 17. коло на шпанскиот шампионат.
Тимот од Жирона продолжува да бележи одлични резултати сезонава и претставува најпријатното изненадивање во Примера. Тимот предводен од Михаел Санчез во понеделникот одработи рутинска работа против Алавес на својот стадион „Монтилви“, лесно победувајќи со сигруните 3:0.
Домашните поведоа во 23. минута со голот на украинскиот напаѓач Артем Довбик, а во 42. минута зголемија на 2:0 преку Порту. Жирона ја потврди победата во 59. минута со голот на Довбик од пенал. Тоа беше негов десетти гол сезонава, а повеќе постигна само Џуд Белингам, кој за Реал постигна 13 гола.
По новата победа на табелата повторнио во водство е Жирона со 44 бодови, два повеќе од Реал Мадрид, додека трета е Барселона со 35 бодови. Алавес остана на 13. позиција со 16 бодови, три повеќе од зоната за испаѓање.