
Во вторникот во Македонија, по студеното утро во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време.
По одделни котлини утрово има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 7 до 1, додека највисоките дневни ќе бдат во интервалот од 3 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината претпладне е со услови за појава на магла, преку денот сончево со умерена облачност. Температурата ќе достигне до 7 степени.