
Фејсбук објава на Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:
На Спасовски како да не му се слуша и не сака да одговори, затоа еве пак ќе го прашам – дали има Правилник (или друг правен акт) за постапката при пријава за исчезнато лице?
Не е тешко прашањето – или има или не!
Законот (за полиција) упатува на изготвување и донесување на таков подзаконски акт, затоа нека одговори Спасовски кој и кога го изготвил, одобрил и донел тој акт (правилник) и како е предвидено да се постапува согласно истиот?
Дали надлежните во МВР при пријава за исчезнато лице постапуваат по однапред дефинирани правила и процедури или е оставено на „слободната процена/видување“ на службеното лице кое ја прима пријавата?
Спасовски, чекаме одговор?