-Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76% биле со работни места во производствениот процес, а над 23% административни работни места. Најголем процент од оние кои заминале, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор, соопштија од компанијата.
-Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат. АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87% од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12% се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес, велат од таму.