Полските конзервативци ги запоседнаа просториите на јавната телевизија

Припадници на до неодмна владејачката кознервативна десна партија ноќта кон средата ги запоседнаа просториите на полската јавна телевизија во знак на протест против најавената реформа на националниот телевизиски канал, кој во Брисел и од него поддржуваната сегашна централнолевичарска проевропска власт важеше за пропагандна алатка на претходната влада

Суверенистичката националистичка партија Право и Правда (PiS), која владееше осум години, ја загуби власта по парламентарните избори, иако по трите надмоќни изборни победи во октомври годината поединечно остана со најмногу пратеници, но без доволно мнозинство да формира нова владда.

Коалицијата предводена од проевропскиот премиер Доналд Туск ги презеде уздите на управувањето со земјата и веднаш започна со реформирање на државната радио и телевизија. Во вторникот, новата коалиција усвои резолуција со која се повикува на „непристрасност и доверливост на јавните медиуми“.

Претставниците на PiS масовно го бојкотираа гласањето за резолуцијата, а исто така одржаа ткн „седечки“ протести во зградата на телевизијата за да го одбранат „медиумскиот плурализам“.

„Нема демократија без медиумски плурализам или без силни антивладини медиуми, а во Полска тоа се јавните медиуми“, рече лидерот на PiS, Јарослав Качински, кој во осумте години на власт на неговата партија не заземаше никаква државна позиција.

Качински се приклучи на протестот заедно со поранешниот премиер Матеуш Моравјецки и позираа заедно со вработените, според објавите на социјалните мрежи. Претеникот од редовите на PiS, Марек Суски, изјави дека сакаат „правниот поредок да биде загарантиран во Полска и медиумите да останат слободни“.

Проевропската опозиција и невладините организации често го обвинуваа PiS за ограничување на слободата на медиумите и насочување големи суми пари кон државните медиуми.

Така меѓународната невладина организација Репортери без граници ((Reporters sans frontières – RSF) во извештајот од 2020 година напиша дека „едностраниот наратив и поттикнувањето омраза се правило во јавните полски медиуми, кои се претворија во мегафон на владина пропаганда“.