Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2023 година изнесува 38.843 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 117.3, односно платата е повисока за 17,3 отсто во однос на онаа од истиот месец минатата година.
Зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.2 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20.0 %).
Во однос на претходниот месец, септември, забележано е зголемување на нето платите во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.2 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.5 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (4.6 %).