Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак.
Претходно денеска по него полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на Филозофскиот факултет во Прага, по што и тој беше убиен.
Козак бил студент на Филозофскиот факултет и постои сомневање дека по убиството на својот татко тргнал во крвавиот поход каде уби најмалку десет и рани најмалку 24 лица во близина на факултетот.
Давид Козак е идентификуван како мажот кој на Карловиот Универзите во центарот на Прага го изврши масакрот околу 15 часот по локално време. Како што пренесуваат чешките медиуми, Козак е студент на факултетот за уметност, на кој отворил оган.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е мртов, а мотивот на пукањето сè уште е непознат.На социјалните мрежи се објавени снимки кои прикажуваат уплашени студенти како се кријат, практично висејќи на самата зграда на факултетот.
Исто така, голем број луѓе се обидувале да избегаат од напаѓачот, па се создал хаос на улиците. Многумина од нив, со кренати раце претрчувале преку пешачките премини.