
Во првиот натпревар од 18. коло во англиската Премиер лига немаше победник, фудбалерите на Кристал Палас и Брајтон ремизираа играјќи 1:1.
Домашните поведоа во 45. минута со голот на Џордан Ајув, по што Брајтон доминираше во текот на второто полувреме. Гостите дојдоа до заслужено израмнување во 82. минута, кога Дани Велбек одлично реагираше и со прекрасен удар со глава од десетина метри погоди за конечна поделба на бодовите. Гостите можеа да направат престврт, но на крајот пропуштија две убави шанси.
Кристал Палас остана на 15. место со 18 бодови, додека Брајтон направи мал чекор напред и моментално е осми со 27 бодови.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат во петок, сабота и недела.