Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од снег

Во петокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Утринските температури се движат од минус 4 до 2, додека максималните температури соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 3 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од котлината има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 7 степени.