Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот одобри ублажена резолуција со која се бара зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа, како и итни чекори за „создавање услови за одржлив прекин на непријателствата“ по четирите верзии по инсистирањето на Вашингтон, една седмица одложување на гласањето и интензивни преговори поради заканата од ново наложување на вето од страна на САД.
САД беа воздржани, со што дозволувајќи му на 15-члениот Совет за безбедност да усвои резолуција подготвена од Обединетите Арапски Емирати.
Русија, исто така, беше воздржана откако САД се спротиставуа на рускиот амандман со кој се бараше итен прекин на непријателствата да се вклучи во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за олеснување на проширувањето на испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа, додека другите членки на Советот за безбедност гласаа за резолуцијата.
По преговорите на високо ниво за придобивање на Вашингтон да даде зелено светло, резолуцијата повеќе не бара ја намалува контролата на Израел врз сите испораки на помош за 2,3 милиони луѓе во Газа. Израел ја надгледува ограничената испорака на помош за Газа преку преминот Рафа од Египет и преминот Керем Шалом кој е под контрола на Израел.
Но, омекнувањето на јазикот на резолуцијата за прекин на непријателствата фрустрираше неколку членки на Советот за безбедност, како што се арапските земји и земјите од Организацијата за исламска соработка, како и Русија, која има право на вето. Дипломатите велат дека некои од тие земји сметаат дека омекнувањето на резолуцијата е овластување за Израел да продолжи да дејствува против Хамас, но всушност за продолжување на разорувањата и гинењата на цивилите во Појасот Газа.
Усвоената резолуција „повикува да се преземат итни чекори за веднаш да се овозможи безбеден, непречен и проширен хуманитарен пристап и да се создадат услови за одржлив прекин на непријателствата“.
Оригиналниот нацрт на резолуцијата бараше „итен и одржлив прекин на непријателствата“ за да се овозможи пристап до помошта.
„Со потпишувањето на ова, Советот во суштина ќе им даде на израелските вооружени сили целосна слобода на движење за дополнително чистење на Појасот Газа“, рече рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја пред гласањето.
Русија предложи нацртот на резолуцијата да се измени за да се врати на првичниот текст кој повикува на „итно и одржливо прекинување на непријателствата“.
САД ставија вето на амандманот. Овој амандман го поддржаа 10 членки на Советот за безбедност, а четри беа воздржани.
Претходно овој месец, Генералното собрание на ОН побара хуманитарен прекин на огнот, а 153 од 193 земји гласаа за таа резолуција, на која САД пред неколку дена ставија вето во Советот за безбедност.
САД и Израел се противат на прекинот на огнот, верувајќи дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон поддржува паузи во борбите за заштита на цивилите и ослободување на заложниците земени од Хамас.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави во петокот дека начинот на кој Израел ја спроведува својата воена операција во Појасот Газа „создава огромни пречки за дистрибуција на хуманитарна помош“ во палестинската енклава од 2,3 милиони луѓе. Тој, исто така, ги повика „израелските власти веднаш да ги укинат ограничувањата за комерцијалните активности“.