
Фудбалерот на Астон Вила ја испушти можноста барем привремено да го преземе врвот на Премиер лигата, откако во мечот од 18-то коло на англиското првенство на свој терен одиграа само 1:1 против Шефилд Јунајтед.
Сепак, тимот од Бирмингем може да биде и среќен и со еден бод, бидејќи против до ова коло последната екипа на табелата избори реми дури во осмата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Малку недостасуваше Шефилд Јунајтед да го шокира едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во Премиер лигата. Меѓутоа, Астон Вила се извлече длабоко во судиското продолжеие продолжувајќи ја низата обез пораз на седум кола.
Гостите поведоа во 87. минута со погодокот на Камерон Арчер. И кога веќе се чинеш дека Шефилд ќе ја впише само третата победа сезонава и ќе ја прекине одличната серија на Вила, Николо Заниоло во 98. минута израмни на 1:1.
Астон Вила со победата можеше привремено да го преземе врвот на табелата, но со еден бод се проби на второто место. Арсенал и натаму е во водство со 39 бодови, колку што има и Астон вила но со послаба гол-разлика. Третиот Ливерпул има бод помалку.
Шефилд Јунајтд напредуваше на 19-то место со девет бодови, но и натаму е во зоната на испаѓање. Сега „фенерот“ го презема Барнили со осум бодови.