Хамас и Палестинската самoуправа спротивно околу резолуцијата на Советот за безбедност на ОН

Палестинското Министерство за надворешни работи и исламистичката група Хамас во петокот имаа спротивставени реакции на усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за испораката на поголема хуманитарна помош за Појасот Газа.

Палестинското Министерство за надворешни работи ја опиша резолуцијата како „чекор во вистинската насока“ и рече дека ќе помогне „да се стави крај на агресијата, да се обезбеди пристигнување помош и да се заштити палестинскиот народ“.

„Сметаме дека ова е чекор што може да придонесе за ублажување на страдањата на нашиот народ во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Но, Хамас, милитантното движење кое владее во Појасот Газа по изборите во 2006 година, смета дека резолуцијата е „недоволен чекор“ за да се задоволат потребите на сиромашната енклава.

„Американската администрација работеше напорно во изминатите пет дена за да ја отстрани суштината на оваа резолуција и да ја има во оваа слаба формулација…Таа пркоси на волјата на меѓународната заедница и на Генералното собрание на Обединетите нации да ја запрат израелската агресија врз нашата беспомошен палестински народ“, соопшти Хамас.

Усвоената резолуција „повикува да се преземат итни чекори за веднаш да се овозможи безбеден, непречен и проширен хуманитарен пристап и да се создадат услови за одржлив прекин на непријателствата“. Оригиналниот нацрт на резолуцијата бараше „итен и одржлив прекин на непријателствата“ за да се овозможи пристап до помошта.

Претходно во петокот, во екот на растечкиот глобален гнев поради сѐ поголемиот број убиени цивили во Појасот Газа од страна на израелската војска во 11-неделната војна меѓу Израел и Хамас и влошената хуманитарна криза во палестинската енклава, Соединетите држави не вложија вето како минатата седмица на четвртата верзија до која се дојде со тешки преговори за да се одобриволи Вашингтон, што овозможи 15-члениот Совет за безбедност да усвои резолуција поднесена од Обединетите Арапски Емирати.

Русија предложи нацртот на резолуцијата да се измени за да се врати на првичниот текст кој повикува на „итно и одржливо прекинување на непријателствата“. САД ставија вето на амандманот. Овој амандман го поддржаа 10 членки на Советот за безбедност, а четри беа воздржани.

Претходно овој месец, Генералното собрание на ОН побара хуманитарен прекин на огнот, а 153 од 193 земји гласаа за таа резолуција, на која САД неколку дена претходно ставија вето во Советот за безбедност.

САД и Израел се противат на прекинот на огнот, верувајќи дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон поддржува паузи во борбите за заштита на цивилите и ослободување на заложниците земени од Хамас.