Почина 16-годишно момче во кочанската болница

Шеснаесет-годишно момче почина во општата болница Кочани, каде што било донесено во бессознание.

Од полицијата известија дека момчето било донесено вчера околу 20.30 часот.

„И покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар“, велат од МВР.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.