Хуманитарен концерт во училиштето „Владо Тасевски“ во Карпош, ќе се донира за Лео

Денеска во Основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош ќе се одржи хуманитарен концерт, под наслов ,,Пееме за Лео”.

Концертот е со цел да се соберат што повеќе финансиски средства за лекувањето на Леонид Индов, кои му се потребни за третман во Швајцарија.

На настанот ќе бидат поставени кутии за донација пред глобусот во ходникот, како и одговорни лица до нив.

Да бидеме хумани, повикуваат организаторите.