Летонија ѝ донираше на Украина милион евра во возила одземени од пијани возачи

Оваа година Летонија ѝ донирала на Украина повеќе од 270 возила одземени од возачи под дејство на алкохол, пишува dpa.

Вкупната вредност на возилата е речиси еден милион евра, објави во понеделникот летонскиот портал Delfi. Летонскиот парламент во февруари одлучи запленетите возила да ѝ бидат предадени на Украина бесплатно.

Летонија почна од почетокот на годинава да запленува автомобили од возачите со големи промили алкохол во крвта додека ги урпавувале сввоите возила во годините кога земјата бележи континуирано зголемување на стапката на алхолизам. Така, бидејќи стотиците возила почнаа да преполнуваат местата на чување на запленетите автомобили, одлучено беше да ѝ ги донираат на украинската војска и болници.

Повеќе од двесте автомобили биле одземени од возачи кај кои беле откриени нивоа на алкохол во крвта над 0,15 промили и тоа за само првите два месеца од 2023 година во балтичката земја со 1,9 милиони жители.

Претходната 2022 година 4.300 возачи биле фатени со промили алкохол над дозволеното на патиштата во Летонија,  во илјадниците сообраќајни несреќи лани.

„Всушност е многу страшно кога ќе сфатите колку автомобили возат наоколу со пијани возачи“, изјави тогаш Реинис Познакс, основач на невладината организација позната како „Твитер конвој“, задолжена од владата да ги испорача возилата во Украина.

Според владата дваесетината конфискувани автомобили државата ѝ ги предава секоја седмица на организацијата која натаму ги проследува во Украина.

„Никој не очекуваше дека луѓето пијани возат толку многу возила, не можат (ддржавата) да ги продадат толку брзо колку што пијат луѓето. Затоа, дојдов со идеја – да ги испратам во Украина“, рече Познакс.

Неговата невладина организација од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари 2022 година, собарала речиси два милиона евра за купување возила, реновирање и логистика минатата година.