dРуските сили целосно ја контролираат Маринка, гратчето во административниот граничен појас на источниот регион Доњецк каде руското и рускојазичното население по превратот во Киев од 2014 година се отцепи од Украина а на референдумот летово се присоедини на Руската Федерација, го инфромираше во понеделникот министерот за одбрана Сергеј Шојгу шефот на државата Владимир Путин.
„Во текот на активните офанзивни операции, јуришните одреди на борбената групација ‘Јужна’ денеска целосно го ослободија населеното местио Маринка југозападно од Доњецк“, вели Шојгу во снимката која ја емитуваат руските телевизии од неговиот состанок со претседателот Путин.
Маринка е всушност југозападно предградие, кое до пред војната имало 3.000 домови и околу 10.000 жители, на порано двомилионскиот град Доњец, на само еден километар од градската населба Петровск.
Украинската војска веднаш го негираше тврдењето на Шојгу, иако во речиси двете години војна вообичаено е информациите кои пред медиумите му се соопштуваат на Путин да се веродостојни и проверени, понекогаш и објавени по неколку денови.
„Погрешна е информацијата за заземањето на Маринка. Нашите сили се во градот“, тврдеше за укранската национална телевизија воениот портпарол Олександр Штупун.
„Украинските одбранбени сили продолжија да го запираат непријателот во областа Маринка и Новомихајливка во областа Доњецк, одбивајќи пет руски напади“, соопшти рано во понеделникот Генералштабот на украинската армија.
Преземањето на контролата врз Маринка ќе овозможи поефективна одбрана на градот Доњецк од артилериските удари од украинската војска, истакна Шојгу кој за овој подвиг особено ги пофали припадниците на 150-та дивизија на руската војска, којашто се нарекува уште Берлинска дивизија, односно истата која во 1945 година го извела заземањето на германкиот Рајхстаг во Берлин.
Путин од своја страна на снимката вели дека војниците кои учествувале во заземањето на Маринка се достојни за високи државни одликувања, поради нивното храбро држење во текот на активните борбени дејствија во гратчето кои започнале во јуни годинава.,
„Точно, тука има најмалку два позитивни ефекта. Првиот е дека ги оддалечуваме непријателските борбени единици од Доњецк“, вели Путин.
Шојгу, пак, оцени дека заземањето на Маринка ја ослабува одбраната на украинската војска и на руските сили им дава нови можности за напредување.
„Со упадот во овој утврден простор, нашите војски добиваат можност да навлезат во поширокиот оперативен простор. Но, тоа секако е прашање за командатите на теренот и стручњаците во Генералштабот и Министерството за одбрана. Ова е посебна тема, но во секол случај во овој регион сега се создава таква можност“, појаснува Путин.
На краткиот состанок меѓу Путин и Шојгу на кој министерот го известил шефот за текот на борбите во Доњецк од кој дел сѐ уште контролира украинската војска, Шојгу посочил дека во изминатите 9 години Маринка украинската војска населбата ја претворила во моќна утврдена област со подземни коридори кои ги поврзувале истурените добро поставени огнени позиции.
На почетокот од јуни Украина започна противоофанзива со цел повторно заземање територии на југот и на истокот на земјата, вклучувајќи го и Бахмут, кој кога го зазема украинската војска, Киев и неговите западни сојузници го минимизираа неговото стратешко значење. Меѓутоа, и покрај повеќемесчната обука во земјите членки на НАТО и испораките на современо западно оружје, вклучително и тенкови и ракетни системи со долг дострел, украинскта војска не постигна никаков пробој на руските добро утврдени одбранбени линиии. Сето тоа предизвика, дури и западните сојузници на украинскиот претседател Володомир Зеленски сѐ почесто да известуваат за големи загуби на украинската војска и да споменуваат потреба од стапување во мировни преговори со Москва.
По јасниот неуспех на украинската противоофанзива, се чини дека руската војска ги засилува копнените и воздушните напади и се навестува нејино скорешно офанзивно дејствувае. Од средината на октомври се интензивирани руските напади врз блискиот град Авдеевка, во чии предградија веќе се пробиле руски единици, а се смета за една од стратешките точки на фронтот во источниот регион Донбас.
Во 2014 година, Авдеевка беше под контрола на проруските сепаратисти, кои зазедоа големи делови од југоисточна Украина. Подоцна кога украинската војска навелзе во беа изградени одбранбени позиции околу градот, кој се смета за влезна точка во Доњецк. Авдеевка е еден од главните утврдени области на територијата од самопрогласената Доњецка Народна Република, кој сѐ уште е под контрола на украинската војска од каде секојдневно се гранатираат градовите во регионот,