
Уште едно црномуресто момче убиено на само неколку километри од предградието на Сент Луис, Фергусон.
Полицаец кој не бил на должност застрелал црнец кој наводно пукал во него, а убиството предизвикало нови протести. Триесет и двегодишниот полицаец, кој работел за агенција за обезбедување, но носел полициска униформа, се обидел да сопре осомничен во бегство, изјавил портпаролот на полицијата на Сент Луис, Шрон Џексон.
Бегалецот, кого полицијата го опишува како црнец меѓу 18 и 20 години, се свртел и почнал да пука во полицаецот кој возвратил со оган и го убил осомничениот.
Пилицаецот, кој е белец и за полицијата работи шест години, не е повреден, додал Џексон и кажал дека тој е суспендиран додека трае истрагата.