Германија планира да го врати задолжителен воен рок

Владата на Олаф Шолц размислува за враќање на задолжителната воена служба поради тоа што Бундесверот (вооружените сили на Германија) се соочува со недостиг од борбени авиони, фрегати, хеликоптери, но и војници.
Испитувањата на јавното мислење покажаа дека има голем јаз меѓу Германците за ова прашање. Постарите се за враќање на воениот рок, стравувајќи од ширење на конфликтот од Украина кон западна Европа, додека младите Германци, кои се најдиректно погодени од ова, не се поддржувачи на промените.

Социјалдемократскиот министер за одбрана Борис Писториус го наведува примерот на Шведска, каде, исто како и во Германија, задолжителната воена служба беше укината, а потоа повторно воведена.

„Имаше причини зошто беше суспендиран воениот рок, но во ретроспектива тоа беше грешка“, рече тој.

Се наведува дека доколку повторно се воведе обврската за воен рок, таа би ги опфатила двата пола.

Според официјалните информации на Бундесверот, Германија на крајот на октомври имала на располагање 181.383. војници, додека за време на Студената војна во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век ги имало речиси половина милион.

Бундесверот сега е далеку од својата цел до 2025 година да има 203.000 мажи и жени во униформи, додека во исто време е се помалку привлечен за младите.

„Со децении воената служба беше основата на германското општество“, вели Писториус.