Вкупниот број барања за азил регистрирани во Европската унија оваа година ќе достигне „значително повеќе од еден милион“, изјави во вторникот шефицата на агенцијата за азил на ЕУ, Нина Грегори.
Со околу 123.000 барања, октомври ја забележа највисоката месечна бројка во последните седум години. Дваесет иседумте земји членки на Европската унија моментално имаат вкупно речиси 450 милиони жители.
Грегори, од агенцијата чиешто седиште е на Малта, не очекува значително да се намали бројот на баратели на азил и во следните неколку години.
„Светот околу нас станува сѐ понестабилен“, изјави таа за германската медиумска група Funke. „Затоа, потребата луѓето да бараат заштита нема да се намали во 2024 година и понатаму“, додаде Грегори.
Според податоците на тоа тело, до крајот на октомври во ЕУ биле регистрирани 937.000 барања, што е зголемување за 22 отсто во однос на истиот период минатата 2022 година. Конечниата бројка за 2023 година ќе биде достапен дури следната година.
Според податоците на германската канцеларија за миграција и бегалци, до крајот на ноември во Германија се поднесени речиси 326.000 барања за азил, што е зголемување за дури 52 отсто во споредба со првите 11-те месеци од минатата година.
Според Агенцијата за азил на ЕУ, Германија останува најважната дестинација за барателите на азил во ЕУ, а потоа следат Франција и Италија.