-Со индигнација ги отфрламе невистините изнесени од СДС кои ги посочуваат во нивната прес конференција дека ВМРО-ДПМНЕ на било каков начин има надлежност да одлучува за рушење на крстот на Попова Шапка, соопштија од оваа партија, како реакција на прес конференцијата на Фаница Николоска.
-Единствениот случај кога се разговараше за крстот на Попова Шапка беше на вонредната седница во Советот на Општина Тетово која се одржа на барање на коалициониот партнер на СДС, ДУИ, каде што се бараше отстранување на верското обележје, а на таа седница СДС молчеа и стандардно немаа никаков став.
-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Никој нема право да го отстрани крстот кој се наоѓа во верски објект на Попова Шапка, и никој нема право да се меша ниту пак да ги ограничува верските слободи на граѓаните во Македонија.
-Исто така не смее да се заборави дека владејачката коалиција ДУИ и СДС ги имаат запоседнато сите институции во државата и единствено тие се повикани и надлежни, преку структурите на овие две партии да одлучуваат и постапуваат за многу дивоградби, како што се спомениците на УЧК, многу хациенди, нелегални згради на кој овие институции молчат. Крстот на Шапка е последниот објект за кој треба да се дискутира и да се прави политика од него, велат од партијата.