
Командантот на израелската армија Херци Халеви одби во вторникот да го коментира нападот во кој е убиен советникот на иранската Револуционерна гарда во Сирија, но рече дека израелските сили дејствуваат во целиот регион.
„Нема да ги коментирам различните акции коишто ги преземаме. Израелскиот одбранбени сили (IDF) дејствуват со другите безбедносни организации ширум Блискиот исток, во и околу границите на државите“, изјави Херци Халеви за новинарите.
Началникот на израелскиот Генералштаб додаде дека Израел „ги презема сите потребни акции јасно да покаже дека е решителен да ја брани земјата, како дека сме подготвени да одиме далеку“.
Во еден од стотиците израелски воздушни напади изминатите 12 години во близина на сириската престолнина Дамаск во понеделникот беше убиен вишиот советник на иранската Револуционерна гарда, Сајед Рази Мусави, објавија иранските државни медиуми повикувајќи се на безбедносни извори.
Мусави бил одговорен за координација на воената соработка меѓу Сирија и Иран, а Револуционерната гарда порача дека Израел ќе ја плати цената за неговото увиство.
Официјален Техеран со децени го обвинува Израел дека преку своите и западните разузнавачки служби ги оранизира сунитските терористички оргнизации како што е Исламската држава и други групации на сунитските малцинства, меѓу кои и курдското, да изведуваат смртоносни терористички напади во доминантно шиитскиот Иран.