Лавров тврди дека земјите од Г7 имале таен самит за одобрување на формулата на Зеленски

Пред десет дена земјите на Г7 на таен самит разговарале за можна мировна формула во Украина, тврди шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за „Спутник“ и „Русија 24“. Тој вели дека на тајниот самит „не учествуваа сите земји од светското мнозинство бидејќи некои ја одбија поканата“, пишува Риа Новости.

– Но, средбата се одржа во целосна тајност, никаде не беше објавено ништо за тоа, немаше истекување на информации – рече Лавров.

Лавров тврди дека земјите од Г7 зборувале за т.н. формула на Зеленски од 10 точки која сакаат да ја прифатат во целост.

– Што и да беше напишано таму (на самитот) како „вињетки“: безбедност на храната, енергетска безбедност, што е најважно – „Русија, да оди на границите од 1991 година, да се отстапи Крим, откажете се од Донбас“… Западот вели: еве ги десетте точки на Зеленски, ниту чекор на страна, не лево, не десно, не назад – само напред. Одобри ги (точките на Зеленски) такви какви што се – вели тој во интервјуто.

Лавров изјави и дека блиските сојузници и соработници на Москва кои учествувале на тој состанок никому не му ветиле дека прашањата поврзани со Русија ќе ги чуваат во тајност.

Лавров рече и дека земјите од Г7 се договориле да одржат уште една средба во јануари, а во февруари ќе се одржи мировен самит на кој ќе ја одобрат формулата на Зеленски.

Тој изјави дека Русија е „решена“ да ги постигне своите цели во војната во Украина и додаде дека стратегијата на Западот да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија целосно пропаднала.

Западот навистина ја менува својата тактика, можеби дури и размислува за појасна стратегија.

Шефот на руската дипломатија додаде дека, како што рече, повеќе не е можно да се запре патот кон поправеден економски поредок.

– На самитот на БРИКС беше поставена многу јасна задача, дури и барање, за членките на БРИКС и другите земји во развој економски и финансиски да растат – рече тој.