Анчелоти го продолжи договорот со Реал до 2026-та

Карло Анчелоти го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2026 година, објави во петокот „Кралскиот клуб“.

Иако во медиумите се појавија многу информации дека Италијанецот ќе го преземе бразилскиот национаелн тим, 64-годишниот Анчелоти сепак се согласил да биде врзан за Реал заклучно со 30-ти јуни 2026 година, според клупската веб-страница.

Италијански тренер има активен договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година и во неколку наврати изјавуваше дека сака да продолжи дотогаш, во контекст на шпекулациите дека ќе ја преземе селекцијата на Бразил.  Сепак, Италијанецот во неколку наврати изјави дека ќе се пензионира по работата во Реал.

„Реал Мадрид и Карло Анчелоти се договорија да го продолжат договорот до 30 јуни 2026 година“, се вели во соопштението на Реал.

Анчелоти е во Реал од 2021 година, а претходно раководеше со клубот од 2013 до 2015 година.