Сопственичката на „Лореал“ стана најбогата жена во светот со богатство од 100 милијарди долари

Франсоа Бетенкур Мајерс, сопственичката на „Лореал“ и најбогата жена во светот, стана првата жена со богатство од 100 милијарди долари, објави Блумберг. Наследничката на „Лореал“, Мејерс сега е 12. најбогата личност во светот.

Сепак, Бетенкур Мејерс сè уште е далеку од францускиот колега Бернар Арно, кој е втор на листата на најбогати луѓе, со богатство од 179 милијарди долари.

Таа ја наследи компанијата по смртта на мајка си Лилијан Бетанкур во 2017 година за која се вели дека била најбогатата личност во Франција, пишува Би-би-си.

Франсоз Бетенкур Мејерс е потпретседателка на управниот одбор на „Лореал“, а таа и нејзиното семејство се најголемите индивидуални акционери на компанијата со удел од речиси 35 проценти.