Променливо облачно и претежно тивко

Првиот ден од последниот викенд во годината во Македонија ќе преовладува променливо облачно и тивко време, а по котлините со појава на магла.

Наутро и претпладне по котлините има појава на магла која во средината на денот ќе ослаби.

Утринските температури се движат од минус 4 до 1, додека во текот на денот соодветно ќе достигнат меѓу 11 и 16 Целзиусови степени.

Вo Скопје променливо облачно, од наутро магливо и преку денот тивко. Температурата ќе достигна до 9 степени.