Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го доживеаја и деветтиот пораз во првенството, откако во последниот саботен натпревар од 20-то коло на англиското првенство загубија со 1:2 кај лошо рангираниот Нотингем Форест, додека Манчестер Сити и Астон Вила впишаа нови победи.
Манчестер Сити го победија на своето игралиште „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед со 2:0, со головите на Родри во 14. и Хулиан Алварез во 61. минута.
Мечот го одбележа враќањето на терените на белгискиот играч Кевин Де Брујне во редовите на Манчестер Сити, првпат по повредата на почетокот од август. Де Брујне против Шефилд беше на клупата за резервни играчи. Се повреди во ланското финале од Лигата на шампионите, а повредата на бедрото ја обнови на 11-ти август во дуелот против Барнли и од тогаш паузираше. По повторувањето на повредата беше опериран, а привте процени беа дека ќе се врати на терените во јунуари.
Манчестер Сити со 40 бодови го дели третото место на табелата со Арсенал. Шефилд Јунајтед е на последната 20-та позиција со само 9 бодови, седум помалку од местата кои обезбедуваат опстанок.
Астон Вила на својот стадиот го совлада Барнли со 3:2 со голот од пенал во последната минута. Стрелци за Вила беа Леон Бејли во 28, Муса Диаби во 42. и Даглас Луис од пенал во 90. минута. За двете израмнувања на Барнли стрелци беа Зеки Амдуни во 30. и Лил Фостер во 72 минута, иако од 56. минута гостите играа без исклучениот Сандер Берг.
Астон Вила е второпласирана на табелата со 42 бодови, колку што има и водечкиот Ливерпул но со подобра гол-разлика и меч помалку. Барнли и натаму е претпоследен 19-ти со 11 бодови.
Челзи имаше убедливо водство до 3:0 на гости кај слабиот Лутон Таун, но во финишот ги доведе во опасност трите бода, зашто крајниот резултат гласеше 3:2 за лондонските сини. Челзи водеше со головите на Кол Паркер во 12. и 70. и на Нони Мадуеке во 37. минута, но во последните десет минути домашните се заканите со головите на Рос Барклеј во 80. и Елиџајах Адебајо во 87. минута но немаа сили и за целосен подвиг.
Челзи се врати на 10-то место со 28 бодови, а Лутон Таун остана на 15 бодови со кои е на 18-то место кое води во понискиот ранг, а со меч помалку заостанива еден бод зад Евретон кој е на последното место кое гарантира опстанок во Премиер лигата.
А токму Евертон во исто време беше лесно совладан со 0:3 на гостувањето ка Вулверхемптон, за кој стрелци беа Макс Килман во 25, Матеус Куња во 53. и Крег Дејвисон во 61. минута. Вулверхемптон со овие три бода дојде на вкупно 28 со кои е на 11-то место.
Иако Брентфорд поведе веќе во 2. минута преку Кеин Луис-Потер, домашниот Кристал Палас во продолжение од мечот доминираше и дојде до победата од 3:1 со головите на Микаел Олисе во 14. и 58. и Еберечи Езе 39. Со оваа победа Кристал Палас дојде до 21 бод и е на 13-то место, додека Брентфорд остана на 16-то место со 19 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.
Во последниот саботен натпревар Манчестер Јунајтед, кој сега моментално е седми на табелата со 31 бод, еден повеќе од Брајтон кој има и меч помалку, го доживеа деветтиот пораз во првите 20 натпревари во Премиер лигата, само четири дена откако со голем пресврт (3:2) ја симнаа Астон Вила од првата позиција, благодарејќи на Расмус Хојлунд.
Данецот поради болест не беше во екипата на „Сити Граунд“, а Маркус Рашфорд се истакна пред голот. Англискиот крилен напаѓач, критикуван поради недоволно залагање, го постигна својот трет првенствен гол оваа сезона, прв по 3-ти септември. Но неговиот погодок во 77. минута немаше значење за тимот на „Црвените ѓаволи“, бидејќи за домашните погодија Николас Домингез во 64. и Морган Гинс-Вајт во 82. минута, кои при постигнувањето на погодоците беа остамени среде растресената гостинска одбрана.
Голманот Мет Тарнер со рефлексната одбрана во шестата минута од судиското продолжение на натпреварот му ја овозможи победата на Нотингем Форест, кој сега е 15-ти на табелата, со 20 бодови, пет повеќе од првото место кое води во втората лига.